Балкан

Мистерија во автобус кој одел за БиХ: Се онесвестиле седум патници, никој не знае зошто!

Мистерија во автобус кој одел за БиХ: Се онесвестиле седум патници, никој не знае зошто!

Туристички автобус кој сообраќал од шпанска Барселона за Босна и Херцеговина во саботата околу 20 часот итно запрел на автопатот во Франција, во близина на Кан и Ница, бидејќи неколку патници се онесвестиле.

Возачот го паркирал автобусот на постојката за одмор Видаубан Суд, пишува Ница Матин, бидејќи седум патници паднале во бессознание. Во автобусот имало 62 патници, а возачот повикал помош.

Француските власти веднаш испратија спасувачки екипи на местото на настанот, меѓу кои седум амбулантни возила и пожарникари.

Засега нема информации зошто туристите се онесвестиле.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни