НОВО апсење на српски државјани во Црна Гора по потерница на УНМИК.
Имено, службеници на Секторот за борба против криминалот, Одделот за безбедност Плав и Одделението за безбедност во Беране, го уапсија српскиот државјанин М.В.(61), кого НЦБ Интерпол УНМИК го бара за наводни воени злосторства над цивилното население.
-М. За обезбедување присуство во кривичната постапка што против него се води поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело воени злосторства над цивилното население побарано е В. М.В. е осомничен дека наведеното кривично дело го сторил на територијата на општина Пеќ во 1999 година – соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.
Истражниот судија на Вишиот суд во Бијело Поље вчера му одреди екстрадиционен притвор.