Ема Ананиевска е дипломирана пијанистка во Факултетот на музичка уметност – Скопје. Секојдневниот живот на 24 годишната Ема е целосно фокусиран во нејзината најголема љубов – музиката и пијаното. Таа денеска со радост ја прими веста дека во Северна Македонија ќе биде ставена во функција дигитална мапа која ќе и помогне при движењето.
Бенџамин Перс од УНИЦЕФ вели сите кои сакаат да дадат свој придонес во креирањето на дигиталната карта да учествуваат.
„Изработка на дигитална мапа со која што ќе се овозможи пристап до повеќе услуги во секојдневниот живот. Не само за лица кои користат инвалидски колички туку целосна пристапност до сите лица за попреченост“, вели Перс.
Никола Љушев од Фондацијата Телеком за Македонија, изјави дека се планира до крајот на годината дигиталната мапа да биде готова.
„Веруваме дека ќе придонесе во надминување на овие животни предизвици кои што децата и младите со попреченост ги имаат во современото живеење. Немаме илуција дека целосно ќе ги решиме целосно проблемите кои што ги имаме во општеството во веруваме дека ќе бидеме светол пример“, вели Никола Љушев.
Инаку, Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ објавија партнерство за проширување на можностите за вклучување на децата и младите со попреченост во дигиталното општество. Партнерите, заедно со млади луѓе, ќе создаваат иновативни дигитални решенија за подобар пристап до образование и инклузија на лицата со попреченост во заедницата.
РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА
The post Дигитална мапа за децата и младите со попреченост, Ема со оштетен вид може слободно да чекори appeared first on ТВ21.