Министерскиот совет донесе одлука, односно правно формална гаранција дека во октомври ќе ги почнеме преговори со Европската унија. Ова го истакна премиерот Зоран Заев ден по одржувањето на состанокот на министрите во Луксембург, со што ги отфрла како дезинформации пишувањата и критиките на опозицијата дека дури седум земји членки се изјасниле негативно за отворање преговори со Европската унија.
„Заклучокот е апсолутна гаранција која што ми беше и мене неопходна, а верувам и на сите граѓани. Ако заради, како што спомнуваат во заклучокот временски неопходни периоди заради доцното објавување на извештајот дека октомври – ќе биде октомври. И таму стои не подоцна од октомври“, изјави Зоран Заев – премиер.
Во заклучокот на Министерскиот совет инаку, се наведува:
Реафирмирајќи го заклучокот од 26 јуни 2018, Советот силно го поздравува Договор од Преспа како и Договорот за добро соседство со Република Бугарија и препораката на Европската комисија за отворање пристапни преговори со Република Северна Македонија базирани на позитивната евалуација на напредокот во исполнувањето на условите наведени од Советот. Поради лимитираното време и важноста, Советот ќе се наврати на прашањето со цел да се постигне јасна и суштинска одлука што е можно поскоро, но не подоцна од октомври 2019 година.
И покрај ваквиот заклучок од Министерскиот совет од ВМРО-ДПМНЕ велат дека гаранции дека ќе почнеме преговори во октомври нема. Потпретседателот Александар Николовски обвини дека премиерот Заев уште минатата година вети дека преговорите ќе почнат во јуни, но и покрај тоа се уште не се знае кога ќе добиеме датум.
„Мислам дека е несериозно Заев да го коментираме минатата година во јуни рече дека е определен датум за почеток на преговори и тоа јуни 2019 година. Еве го јуни дојде не само што Македонија не почна туку нема ни одлука кога би почнала преговори“, изјави Александар Николовски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, од Владата велат дека на вчерашниот Министерски совет во Луксембург ниту една држава не изразила сомнеж во однос на исполнување на задачите. Холандија изразила очекување да се донесе Законот за Јавно обвинителство, но без негативен став и со согласност за почеток на преговорите годинава. Оттаму додаваат дека најмногу за нас се бореле: Грција, Австрија, Словенија, Словачка, Луксембург, Унгарија, Романија, Малта, Балтичките држави и еврокомесарот Јоханес Хан. Бугарија крајно позитивно, Франција воздржана со барање за повеќе време за одлука за двете држави. Грција, Австрија, Словенија и Унгарија имале позитивен став за нас. Од Владата уште брифираат дека заклучокот е донесен со консензус, сите се ЗА позитивна одлука во октомври и почеток на преговорите до крајот на годината. Сите држави се согласија да го дополнат заклучокот со посебно признание за Преспа и за Договорот со Бугарија. Сите ги поздравија и потврдија резултатите од реформите. Сите се обврзаа да се донесе јасна и суштинска одлука во октомври. Сите во своите излагања ги поздравија реформите кај нас, а одлуката за двете држави ќе се донесе во октомври, велат од Владата.
РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА
The post Заев уверува октомври е сигурен датум – опозицијата критикува немаме гаранции за почеток на преговори appeared first on ТВ21.