Македонија

СДСМ: Милошоски и натаму лаже на штета на сопствената држава, тоа е ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски

„Милошоски лажеше додека беше на власт, денес лаже и во опозиција, на штета на сопствената држава. Милошоски, најнеуспешниот поранешен министер за надворени, потона во сопствената лажна вест.

Лагите на Антонијо Милошоски дека дури 7 земји членки биле против нашата држава да ги започне преговорите со ЕУ и официјално се демантирани.

Се потврди дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ свесно шири лажни вести против државните интереси.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски, без идеја, без програма, шират лажни вести, безобрано и дрско лажат.

Милошоски откако е фатен напразно се правда, треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува“, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Милошоски и натаму лаже на штета на сопствената држава, тоа е ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни