Живот

Тајни шифри што не сакате да ги слушате при лет

Тајни шифри што не сакате да ги слушате при лет

Екипажот во кабината има многу тајни шифри кои ги користат за меѓусебна комуникација за да не предизвикуваат паника меѓу патниците.

Летањето може да биде непријатно искуство. Силните турбуленции не се единственото нешто што може непријатно да ве изненади.

Некои работи би можеле погрешно да ги протолкувате, особено ако забележите дека стјуардесата интензивно ве набљудува, а фактот дека на пилотите им е дозволено да спијат за време на летот, секако не е пријатен.

Но, има нешто уште полошо. Според Дејли Телеграф, персоналот има многу тајни шифри кои ги користат за меѓусебна комуникација за да не предизвикаат паника меѓу патниците.

Покрај очигледното, како што е шифрата „мајдеј“, која укажува дека авионот е во непосредна опасност, постои и шифрата „пан-пан“, што значи дека нешто се скршило. Исто така, некои од шифрите се бројки наместо зборови, а оној што навистина не сакате да го слушнете на летот е „7500“ бидејќи се користи во случај на киднапирање.

Се разбира, ако се наоѓате во киднапиран авион, има големи шанси да знаете за тоа пред да слушнете какво било спомнување на кодот, кој всушност треба да ги предупреди другите авиони и контролата на летање за опасноста.

Покрај тоа, тука е и шифрата „7700“ која е општ сигнал за итни случаи, додека шифрата „7600“ ја користи пилотот за да сигнализира дека изгубил контакт со кулата.

Инаку, ако сте на аеродром и слушнете како некој ги кажува зборовите „Код Адам“, тоа значи дека детето е изгубено на аеродром, пренесува Index.hr.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни