Сеад Кочан на 17. јули треба да почне да ја одлежува казната затвор во траење од 4 години и 8 месеци за предметот „Труст“. Ова е одлука на Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен надлежен да постапува по предметот од обвинителството, кој изготви и достави упатен акт за обвинетиот кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор.
Кочан првично беше осуден на шестгодишна затворска казна, но повисокиот суд му прифати дел од жалбата, со што казната му беше намалена.
Тој е осуден за добивање на незаконски тендер во 2011 година распишан од државната компанија ЕЛЕМ за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.
Кочан треба да ја издржува казната во „Идризово“.
The post Сеад Кочан на 17. јули оди во затвор на 4 години и 8 месеци appeared first on ТВ21.