Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Димитриевски со повик до САД: Отворете го визниот режим за САД, за една мала Македонија со што ќе и покажете на Европа дека стоите зад нас

Димитриевски со повик до САД: Отворете го визниот режим за САД, за една мала Македонија со што ќе и покажете на Европа дека стоите зад нас

“Нашите стратешки партнерства се најбитниот момент за оваа мала и скромна држава. Имаме еден договор потпишан со Соединети Американски Држави  и јас искрено верувам дека тие се нашиот реален партнер, но мора да бидат многу поотворени и многу подиректни. И од овде упатувам еден апел до нив, до нашиот стратешки партнер САД: Знам дека сакате да ни помогнете, ние го очекуваме тоа, нам ни е потребна помош да се спасиме од бугарските пасоши, направете. Тоа е асимилација на македонскиот народ. Отворете го визниот режим за САД, за една мала Македонија. Со тоа ќе дадете пример за Европа дека суштински стоите зад нас и на тој начин нештата ќе се придвижат напред. Во спротивно негациите кои што доаѓаат во моментот во Софија, ќе  продолжат и ќе се прошират,  не само кон нас туку и кон сите држави во регионот”, вели градоначалникот на Општина Куманово и идеен творец на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во вчерашното обраќање по потпишување на Иницијативата за формирање на новиот политички субјект.

Димитриевски јасно порача дека тој е Европеец, и граѓаните на Македонија се Европејци, родени во Европа и нивното место е таму.

“Ние не сме Западен Балкан, ние сме Југоисточна Европа. Ние сме европејци, исто како што се тие и во Париз и во Берлин и во  Прага и во сите големи европски центри. Нашето место е на тој пат, во Европа. Но, не не убедувајте со зборови, убедувајте не со конкретни дела и едноставно најдете начин да ги решите еднострано наметнатите проблеми од државите членки кои што доаѓаат кон сопствените соседи, а се членови на ЕУ. Друг начин и решение на овој проблем, не гледам. А претходно во една прилика реков: Да, Бугарите во уставот од моментот примена на амандманските измени кога Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ . Зошто? Бидејќи самиот министер за надворешни работи го потврди тоа во едно негово интервју за германски весник кај што рече дека ова не е последната работа и уцена која што се бара од Бугарија кон нас”, дополни тој.

На настанот се обрати и пензионираниот генерал мајор Павле Арсоски, кој со стаж од повеќе од 30 години учествувал во формирањето на македонските вооружените сили од првиот ден, и верно ѝ служел на татковината.

“За сите тие години како армиски професионалец можев само да ги следам политичките процеси, но не и да се вклучувам во нив. Работев, се образував, специјализирав. И воено и цивилно. Денеска, како генерал мајор, доктор на историски науки, после 32 години воена служба за Македонија, од неодамна се придружив на една друга, многу побројна армија – армијата на пензионерите! Ја чувствувам обврската, со целото мое професионално и лично искуство активно да се вклучам во политичкиот живот во Македонија. Оти верувам дека со политиката треба се занимаваат луѓе кои имаат капацитет и личен интегритет. Поединци на кои општествениот интерес им е пред личниот. Луѓе чесни, работливи, пожртвувани, хумани, непоткупливи. Спремни да им служат на граѓаните, да служат за општо добро”, изјави генерал Арсоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни