Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Лазовски: Не е проблем само колку ќе растат пензиите, туку кој ќе ги реши ниските пензии

Лазовски: Не е проблем само колку ќе растат пензиите, туку кој ќе ги реши ниските пензии

Проблемот со ниските пензии е едно од најсериозните прашања што треба да се решат во македонскиот пензиски систем, смета економскиот аналитичар Славко Лазовски.

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Лазовски оцени дека дискусиите околу линеарното зголемување на пензиите и примената на швајцарската формула не ја опфаќаат суштината на проблемот.

„Нема да биде проблем дали усогласувањето е линеарно или по швајцарската формула, туку проблемот ќе биде кој ќе ги реши малите пензии, односно кој ќе го направи нашиот систем поправеден“, изјави Лазовски.

Според него, во изминатите децении недоволно внимание се посветувало на подобрувањето на положбата на пензионерите со најниски примања.

Тој посочи дека постојниот систем содржи механизми кои создаваат значителни разлики меѓу пензионерите, особено во зависност од должината на работниот стаж.

Лазовски ја отвори и дилемата околу коефициентите што се користат при пресметувањето на пензиите, оценувајќи дека граѓаните немаат доволно јасни информации за начинот на кој се определува нивниот конечен износ.

„Во целиот овој период некако не водевме сметка да го подигнеме нивото на малите пензии. Затоа сега имаме проблем, затоа имаме неправеден пензиски систем“, нагласи тој.

Економскиот аналитичар смета дека суштинска реформа ќе има само доколку се обезбеди поправедна распределба и подобра заштита на пензионерите со најниски примања.

Според Лазовски, токму решавањето на ова прашање треба да биде во центарот на идните реформи на пензискиот систем.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни