Расте бројот на граѓаните кои мислат дека на раководните позиции во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за електронски комуникации се поставуваат луѓе кои се блиски до одредена политичка партија, покажуваат резултатите од истражувањето за овие две регулаторни тела. Според анкетата, поголемиот дел од граѓаните, иако се запознаени со постоењето на овие агенции, сепак не знаат што всушност работат АМВУ и АЕК, а често и ги мешаат нивните надлежности.
Билјана Бејкова од Инфоцентар, вели дека институциите и оние кои креираат политики во земјата треба да преземат конкретни мерки со цел зголемување на довербата на граѓаните во овие агенции.
Анкетата е спроведена од невладините организации, Центарот за европски стратегии Евротинк, Инфоцентар, Транспарентност Македонија и од Хелсиншкиот комитет. Проектот е финансиран од британската амбасадата уште од 2016 година, а ова е втор дел од проектот. Инаку, анкетата е спроведена од 16-ти февруари до 7-ми март годинава, а анкетирани се над 1202 граѓани.
РЕПОРТЕРКА: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ
The post Истражување: Граѓаните не ги знаат надлежностите на АВМУ и АЕК appeared first on ТВ21.