Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Авионскиот сообраќај утре ќе се одвива нормално, одложен штрајкот на контролорите на летање

Авионскиот сообраќај утре ќе се одвива нормално, одложен штрајкот на контролорите на летање

Министерството за транспорт и врски, информира дека е најден заеднички јазик со Синдикатот на М-Нав за нивните барања, и дека штрајкот кој беше најавен за четврток од 11 до 17 часот, е одложен.

„На денешната средба во Министерството за транспорт и врски се постигна договор за согласност за решавање на барањата кои беа отворени од страна на Синдикатот на М-Нав (ССКЛ).

Го поздравуваме потпишувањето на колективниот договор и одлуката за ангажирање на консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието.

Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието.

Со ова ја информираме јавноста дека штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања.

Министерството за транспорт и врски заедно со менаџментот на М-Нав стои на ставот за спроведување на барањата на Синдикатот.“, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни