Македонија

Протестот на родителите со позитивен епилог – откажан приемниот испит за гимназиите и медицинското училиште

По протестот на родителите пред зградата на Министерството за образование и наука  и Владата, МОН одлучи да ги укине приемните спити за средните училишта „Орце Николов“ и “Панче Караѓозов“. Директорот на гимназијата „Орце Николов“, Митко Димовски, вели дека во училиштето со кое раководи тој ќе бидат упишани 311 ученици кои аплицирале и сите со просечна оценка 5.00.

Родител, чие дете аплицирало за упис во средното училиште „Орце Николов“ изјави дека е многу добро тоа што нивните барања се прифатени. Тој вели дека е целта е постигната.

За приемниот тест реагираа и од Младинската образовна организација. Велат дека поголемиот дел од учениците кои аплицирале немале учебници за планираниот приемен испит. За разлика од учениците на гимназијата „Орце Николов“ и медицинското училиште „Панче Караѓозов“, приемен тест ќе полагаат учениците на паралелките за странски јазик во „Орце Николов“ и во средното училиште „Димитар Влахов“ – Струмица. Поради бројот на пријавени основци, од планираниот број за упис на училиштата, вчера беше донесена одлука да се одржи приемен испит, а потоа да бидат примени учениците кои постигнале најдобар резултат. Сепак, по протестот на родителите, Министерството одлучи да ја повлече оваа одлука.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

The post Протестот на родителите со позитивен епилог – откажан приемниот испит за гимназиите и медицинското училиште appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни