Дваесет деца со пречки во говорот и со посебни потреби од денеска ќе учат во реновиран кабинет и со нова опрема во градинката Снежана – Чаир. Иако донацијата беше за нив, тие не учествуваа во организираната активност. Не беа поканети ниту родителите на децата.
Зменик минисерот за труд и социјална политика, Гонул Бајрактар, рече дека тие работат во подобрувањето на условите во градинките и нивната инклузија во општеството.
Донаторот, Ајтекин Ајдан, координатор на ТИКА во Скопје, изјави дека организираат семинари за дефектолози и на кои е посочено за недостигот на кабинети за деца со посебни потреби.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вели дека оваа градинка имаше потреба од кабинет за деца со посебни потреби, каде ќе имаат посебни активности за кои имаат потреба овие деца.
Инаку, ТИКА од отворањето на канцеларија во Скопје, реализирале околу 1000 проекти од разни области како што се образование, здравство, реконструкција на важни објекти.
РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА
The post Нов кабинет за децата со посебни потреби, родители и децата не присуствуваа на свеченото отворање appeared first on ТВ21.