“Срцето ќе ми излезе“
Ова е Шемсие. Нејзините грижи немаат крај. Кога зборува за минатото таа не може да ги задржи солзите. Три деца на Шемсие починале веднаш по раѓањето. Таа вели дека поради недостаток на витамини во исхраната за време на бременоста, децата ги раѓала предвреме. Таа сега има 11 годишна ќерка. Најголемата грижа им е киријата за станот која 11 години ја плаќаат со многу тешкотии.
„Кога се роди ќерката, отидовме под кирија, бев во лоша состојба, немав каде да спијам. Собата беше многу мала, отидовме под кирија, еве веќе 11 години. За храна едвај, имаме по малку, се мачиме. Со парите што остануваат од киријата. И тоа што останува се трудиме да платиме струја, вода, газдата бара да плаќаме редовно“, вели Шемсие Алији.
Рацете на домаќинот зборуваат најмногу. Вехап цел живот се труди да обезбеди дом за жената и за ќерката, но со физичката работа која ја работи не може да обезбеди ниту храна, бидејќи се трошат за кирија и други сметки.
„Тешко ми е секој ден кога се будам наутро одам на работа и да му оставам некој денар на семејството за леб. Но станот треба да се плати, и струјата. Јас знам како ги собирам парите за да можам да го платам станот“, вели Бехап Алији.
Тие не примаат социјална помош. Киријата изнесува 180 евра. Ова семејство од Тетово апелира за помош до сите оние кои се во можност да им помогнат. Кој колку и како што може.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ
The post Грижите за семејството Алији немаат крај, три новороденчиња им починаа, сиромаштијата ги „убива“ appeared first on ТВ21.