300 лица со посебни потреби од 16 различни општини. Тие се собраа на едно место за да се запознаат подобро, да поминат еден ден заедно и да се натпреваруваат во спортски игри што ги организираше Мобилност Македонија.
Претседателот на организацијата Мобилност рече дека ова е порака до институциите за да ги завршат обврските кои произлегуваат од Конвенцијата на ОН за лицата со посебни потреби.
Страше Коцески е претставник на Македонија во пинг – понг. Тој апелира за повеќе инвестиции особено за лицата со посебни потреби за да имаат полесен пристап до објектите.
Генералниот секретар на спортската федерација за лица со посебни потреби откри добра вест.
Ова не е прв пат лицата со посебни потреби да организираат вакви собири. Ваков настан беше организиран и минатата година.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ