Македонија

Почнаа градежните работи на стадионот во Чаир, „трибината ќе се гради, паркот нема да се чепка“

Конечно почнаа градежните работи на новата трибина на стадионот во Чаир, проект кој што беше најавен во “Договорот“ на градоначалникот Ганиу. Од општината велат дека новата трибина ќе се гради а паркот нема да биде оштетен.

Работите беа најавени за порано, но поради документација тие започнаа со доцнење. Тоа го потврдија и од ФФМ.

Постоечката трибина на стадионот во Чаир има капацитет од 5000 навивачи а само на половина од просторот има седишта. Во повеќето случаи трибината е премала за да ги собере навивачите кои доаѓаат да ги следат натпреварите на ФК Шкупи.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни