Здравје

5 причини зошто почесто да јадете кромид

5 причини зошто почесто да јадете кромид

Кромидот не е само прекрасен додаток на секое јадење и салата. Додава одличен вкус и го прави доживувањето на храната уште повозбудливо. Но, тоа е исто така многу корисно. Кромидот има неверојатни хранливи материи кои го подобруваат здравјето во многу аспекти.

Зошто кромидот треба да биде присутен секој ден на вашата трпеза?

Кромидот содржи многу минерали, вклучувајќи го непроценливиот калиум, манган, магнезиум, како и витамините Ц, Б6 (фолна киселина).

Освен тоа, кромидот е исклучително богат со влакна и вода, што го прави прекрасен за метаболизам, хидратација, обезбедување енергија и балансирање на шеќерот во крвта, инсулинот, холестеролот.

Кромидот го намалува ризикот од дијабетес

Бидејќи кромидот има малку шеќери и богат со влакна, тој е прекрасен природен лек за природна рамнотежа и контрола на шеќерот во крвта. Кога е во контролирани вредности и без остри скокови и падови во телото, не предизвикува скокови ниту на инсулинот.

Оваа рамнотежа е од суштинско значење за превенција и контрола на дијабетес и поврзани метаболички проблеми.

Кромидот го контролира холестеролот

Кромидот треба да биде присутен на вашата трпеза во некоја форма секој ден, бидејќи ќе ви помогне да се справите со високиот холестерол. Богат е со влакна и вода, кои придонесуваат за намалување на лошиот холестерол и спречување на затнувањето на крвните садови.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни