Свет

ВИДЕО Први снимки и фотографии од аеродромот Хамбург, вооружен маж пукал во воздух, земал две деца како заложници

ВИДЕО Први снимки и фотографии од аеродромот Хамбург, вооружен маж пукал во воздух, земал две деца како заложници

Алармот се огласил на аеродромот во Хамбург кога вооружен маж го возел своето возило низ капијата и испукал два истрели во воздух, изјави во саботата вечерта портпаролот на федералната полиција.

https://twitter.com/flightradar24/status/1720912088359408114/history

Веднаш е запрен авиосообраќајот на аеродромот во Хамбург, соопшти полицијата, а затворени се и терминалите.

Силни полициски сили се на терен и трагаат по напаѓачот , додека полициските хеликоптери се во воздух.

Како што пренесува „БИЛД“, маж во својот автомобил држи во заробеништво две деца.

Непосредно пред напаѓачот да биде забележан од безбедносните сили на аеродромот, неговата сопруга ја алармирала полицијата и се јавила на 911 за да ги извести полицајците дека нејзиниот сопруг трчал кон аеродромот со децата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни