Македонија

Кој ќе биде директор на МКЦ? Шилегов ќе одлучи за две недели, уметниците против Бени Шакири

Над 400 уметници и културни работници се против смена на директорот кој моментално е вршител на должноста во Младинскиот културен центар, Русе Арсов. Тие се против назначувањето на пејачот Арбен Шаќири, за директор на МКЦ. Еден од тие кои се против е и Мирко Попов, кој рече дека нема ништо против Бени Шакири, но според него на оваа функција треба да биде Русе Арсов.

Огласот за нов директор беше објавен во февруари годинава, а Арсов и Шаќири се единствените кандидати кои аплицирале. На социјалните медиуми започна кампањата #НЕГОЧЕПКАЈТЕМКЦ.

„Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за две недели треба да одлучи кого ќе назначи за директор на МКЦ. Може да избере меѓу Русе Арсов, кој е вршител на должноста директор една година и познатиот пејач, Арбен Шаќири. Само тие двајца аплицирале за оваа позиција, но не сакаат да зборуваат јавно за тоа додека не се донесе одлуката“, вели репортерката на ТВ21, Арбана Ќ. Климента.

Бени Шакири одлучил да не излегува со изјави пред медиумите. Најави дека ќе одржи прес конференција кога ќе дојде време. А Русе Арсов вели дека нема што да коментира и дека ја чека одлуката на Шилегов.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни