Македонија

Протести предводени од братот на „Ел Чека“ – демонстрантите спречени да дојдат до седиштето на ДУИ

Ова се само дел од скандирањата кои се слушаа низ улиците на Тетово од демонстрантите предводени од братот на Ел Чека, Блерим Ахмеди. Нивната цел беше седиштето на ДУИ во Мала Речица, но беа спречени поради блокада на патот од полициски кордон.

Блерим Ахмеди, кој го предводеше протестот рече дека блокирањето е показател дека живееме во комунистичка земја.

„Протестот го почнавме во Тетово, бидејќи овде е седиштето на партијата ДУИ од каде се даваат наредби, за убиства, затворање, монтирани случаи и друго против правата на Албанците на Илирида. Во последно време, гледаме видео снимки на кои се слушаат гласови на лидерите на партијата ДУИ, со нивните партиски колеги, кои го навредуваат и пцујат албанскиот народ на варварски начин“, изјави Блерим Ахмеди – брат на „Ел Чека“.

На денешниот протест имаше демонстранти и од Албанија. Енѓул Гишти, претседател на Движењето „Татковина“, рече дека развојот на Албанците во Македонија го спречува подземјето со корумпирани политичари.

„Овој факт покажува јасно дека има нешто. Подземјето го спречува развојот на овој народ. Тоа подземје е купување на корумпирани албански фигури, од анти-албански служби и преку нив создавање раздор кај албанскиот народ. Овие политички партии се изградени и се однесуваат како мафијаши. Ова се мафијашки организации кои самите се нарекле политички партии, на начин правно да дејствуваат, ги уништуваат интересите на албанските народ каде и да се наоѓа. Најлошото е што сакаат да ги завојуваат меѓу себе Албанците“, изјави Енѓул Гишти од движењето „Татковина“.

Додека демонстрантите беа блокирани на половина пат, без никакви проблеми во седиштето на ДУИ во Мала Речица пристигна лидерот на оваа партија Али Ахмети. Протестот е само почеток, велат организаторите. Братот на Ел Чека, Блерим Ахмеди најави протести и во следните денови. Денешниот протест е резултат на големиот број прислушувани материјали кои Ел Чека, односно Шеќерим Ахмеди ги објави на социјалните мрежи на кои се слушаат гласови на Али Ахмети, Блерим Беџети, Садула Дураку и други функционери на ДУИ.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни