По организираните протести од братот на Ел Чека низ улиците на Тетово, со цел да се дојде до седиштето на ДУИ, Бујар Османи изјави дека преку објавување на приватни разговори и клевети не може да се влезе во владата, индиректно порачувајќи дека протестот има политичка позадина.
„Мислам дека протестите, ако можеме да ги наречеме протести, покажаа дека граѓаните не поддржуваат политики чија цел е влегување во влада, преку откривање на приватноста на функционерите и клевети. Туку бараат програма, луѓе со позадина и сериозно искуство“, изјави Бујар Османи.