Здравје

Како мандарините му помагаат на вашето здравје

Како мандарините му помагаат на вашето здравје

Ова обилно овошје е добро за срцето, кожата, очите, слабеењето…

Мандарините се популарно цитрусно овошје поради нивниот силен, сладок вкус. Тие имаат репутација дека се послатки од портокал. Ова ги прави вкусен, здрав десерт, пишува Vijesti.

Како и секое цитрусно овошје, мандарините имаат изобилство на витамин Ц. Имаат и умерено количество на витамин А. Со 100 грама мандарини, ќе обезбедите приближно 14 проценти од препорачаната дневна доза на витамин А.

Благодарение на витамините А и Ц, мандарините му помагаат на телото да се бори против воспалението, бидејќи содржат голема количина на антиоксиданси. Тие му помагаат на имунолошкиот систем да пронајде, а потоа да ги уништи штетните организми и на тој начин ни овозможуваат да се заштитиме од грип.

Витаминот Ц е добар извор на антиоксиданси кој е добар за циркулацијата и го штити срцето.

Калиумот, кој го има во мандарините, е добар и за циркулацијата на крвта бидејќи ги шири крвните садови. Затоа, не треба да претерувате со калиум, па две-три мандарини дневно се сосема доволни.

Пријавени се и здравствените придобивки од консумирањето кора од мандарина.

Кора од мандарина содржи супер-флавоноид или антиоксиданс наречен танџеретин. Супер-флавоноидите се покажаа ветувачки во студиите како ефикасен начин за намалување на холестеролот.

Здравствените придобивки од мандарини вклучуваат:
Здравје на кожата

Имањето здраво ниво на витамин Ц во телото е многу важно за здрава кожа. Витаминот Ц се покажа дека игра витална улога во тоа како вашето тело произведува колаген. Колагенот е она што ја прави нашата кожа да изгледа младешки. Исто така, докажано е дека витаминот Ц може да спречи и лекува оштетување на кожата предизвикано од изложување на сонце.

Здравје на очите

Друга придобивка од високата содржина на витамин Ц во мандарини е нејзината поддршка за здравјето на очите. Може да помогне да се одложи почетокот на катаракта и макуларната дегенерација поврзана со возраста. Постојат докази дека витаминот Ц и другите хранливи антиоксиданси можат да помогнат во одржување на вашите очи здрави подолго време.

Здравје на срцето

Петгодишното истражување на повеќе од 500.000 возрасни лица покажа дека консумирањето најмалку половина чаша свежо овошје еднаш дневно може значително да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Учесниците кои јаделе овошје дневно имале приближно 33 отсто помали шанси да умрат од срцев или мозочен удар. Мандарините се одлична опција за секојдневно консумирање овошје.

Мандарините се добри за слабеење

Мандарините можат да помогнат при губење на тежината со зголемување на дневниот внес на влакна. Цитрусното овошје, вклучително и мандарините, обезбедуваат нерастворливи влакна, такви кои не ферментираат во цревата како целулоза и лигнин. Овој тип на влакна го зголемува чувството на ситост со забавување на минувањето на храната низ дигестивниот тракт. Ова за возврат помага да се регулира апетитот, што може да промовира губење на тежината.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат повеќе влакна, во споредба со оние кои консумираат помалку влакна, се поспособни да ја одржат својата телесна тежина или да спречат зголемување на телесната тежина.

Она што ја прави мандарина различна од портокалот е нејзината големина. Со оглед на тоа дека портокалите се поголеми, затоа содржат значително повеќе витамин Ц и влакна, но никаде не се практични за конзумирање, бидејќи потешко се лупат.

Мандарините може да се користат за подготовка и на слатки и солени јадења. Сокот од мандарина е одлична состојка за маринирање на месо и риба, а можете да ја користите и неговата кора.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни