Балкан

Причина за пожарот во аква паркот Јагодина е најверојатно палење на инсталации

Причина за пожарот во аква паркот Јагодина е најверојатно палење на инсталации

Синоќа во еден од угостителските објекти во аква паркот во Јагодина избувна пожар во кој нема повредени.

Пожарот во аква паркот избувнал нешто по 22 часот.

Како што изјави за РТС директорот на аква паркот, најверојатно се запалиле инсталациите во еден од шалтерите во објектот.

Огнот го зафатил и покривот кој е од стакло. Повредени нема, пожарот е изгаснат со брза интервенција на противпожарната единица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни