Македонија

Лидерот на НДП и потпретседател на Собранието Весел Мемеди се повлекува од владината коалиција

Лидерот на НДП и потпретседател на Собранието на Северна Македонија, Весел Мемеди сe повлекува од владината коалиција.

Причина за ова е одлуката на премиерот Зоран Заев да го разреши министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлију, кој доаѓа токму од партијата на Весел Мемеди.

Вчера Заев за ТВ21 изјави дека го разрешил Фазлију бидејќи не бил задоволен од сработеното во ова министерство. Заев вели дека предложил министерство без ресор за подобрување на инвестициите во домашните компании, но Мемеди не прифатил.

Како нов министер на Локална самоуправа, владата го предложи пратеникот Горан Милески кој истовремено е и претседател на Либерално демократската партија, која е дел од парламентарното мнозинство.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни