Врнежи од снег доцна вечерва започнаа на места низ Македонија кои се на височина од 1000 метри надморска висина.
Фотографиите кои беа испратени до редакцијата на 4NEWS.mk се од Маврово и фотографирани се вечерва.
Наш читател пишува дека обилни се врнежите од снег во регионот на Маврово-Ростуше.
Во останатите делови од Македонија има врнежи до дожд.
Во текот на утрешниот ден се очекува врнежите да престанат, но ќе има засилен ветер кој на места ќе достигне и брзина од 70 километри на час.