Српскиот тениски ас и покрај тоа што има 36 години игра на неверојатно ниво, победата на завршниот турнир во Торино е круна на неговата фантастична сезона за која вели дека му е една од најдобрите во кариерата.
-Останав смирен, бев фокусиран и ги најдов вистинските решенија за играта. Знаев што ме очекува, дека ќе го поддржува Синер, имаше и некоректни моменти од Јаник околу изведувањето на сервисите, но добро, тоа е дел од спортот.
-Воопшто не е лесно да се игра пред ваква публика, која беше заштитничка кон Јаник Синер, на моменти беа премногу гласни и ме дефокусираа, но како што реков претходно, останав фокусиран и потврдив добар резултат, затоа сега победата ми е слатка, порача Новак Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ е пресреќен поради освоениот завршен турнир во Торино, крај каков што само можеше да посака на една феноменална сезона.