Балкан

Кои се рекордерите на Македонската берза?

Кои се рекордерите на Македонската берза?

Добропознати компании и понекое изненадување има годинава на Македонската берза, покажува нашата анализа, во која како главни параметри се земени бројот на трансакции, нивната вкупна вредност и истргуваните количества акции на поединечните акционерски друштва што котираат на берзата објави Блумберг Адриа.

Над илјада трансакции биле остварени само со акциите на „Комерцијална банка“ (3.861 трансакција) и на „Алкалоид“ (1.856 трансакции). Тоа ги стави овие две компании на врвот на топ пет листата на акции со најголем број трансакции. Друштво на листата им прават „НЛБ банка“, „Макпетрол“ и „Стопанска банка Скопје“.

Карактеристично е што од почетокот на 2023 година заклучно со 20 ноември на берзата се тргувало со акциите на деведесетина компании, но кај повеќето од нив станува збор за инцидентно тргување во една или едвај неколку трансакции во досегашниот тек на годината.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни