Македонија

Заев не и веруваше, со Мицкоски се судеше – која е Вилма Русковска и што сработи во својот мандат?

Заев не и веруваше, со Мицкоски се судеше – која е Вилма Русковска и што сработи во својот мандат?

За едни неселективен обвинител, за други партиски послушник. Вака може да се подели работата на јавната обвинителка и до скоро Шефица на одделението за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

12 обвинители има во одделението кое таа го раководеше, а сместено во зградата на Апелациониот суд, бидјеќи зградата во која треба да се преселат се уште не е говота. Во својот мандат сработи и два високопрофилни случаи, како „Рекет“ и „27-ми април“.

По три години од стапувањето на функцијата и отворањето на истраги за актуелни и поранешни функционери, прво се соочи со суспензија, а потоа и со смена.

Екс премиерот Зоран Заев не ѝ веруваше

Поранешниот премиер Зоран Заев јавно рече дека не и верува на обвинителката Вилма Русковска, додека таа го истражуваше неговиот соработник Драги Рашковски.

Според Заев, Рашковски не ја злоупотребил функцијата и тогаш рече дека не му верува на обвинителство, ниту на обвинителката Вилма Русковска за овој и за многу други предмети.

„Тоа не значи дека е виновен Рашковски така? Ќе биде виновен кога тоа ќе се потврди со правосилна судска пресуда. И денес тврдам дека не ја злоупотребил функцијата и има спроведено кристално чисти јавни набавки. Останувам на ставот дека владата може да нарачува софтвер без да праша никого, а на Министерството е дали ќе го користи“, вели Заев во интервју за неделникот „Фокус“ минатата година.

Со ВМРО-ДПМНЕ заврши на суд

Од друга страна, исто и опозицијата не и веруваше. Завршија дури и на суд поради предизборни спотови во кои се „појавуваше“ токму Вилма Русковска.

Инсинуации и клевета се двата предизборни спота во кои за обвинителката Вилма Русковска, се тврди дека поднесува обвиненија по нарачка на СДСМ обрзаложи нејзиниот адвокат на подготвителното рочиште. Тие предизвикале болка анксиозност и загриженост кај шефицата на обивнителството за организиран криминал и таа бара 10 илјади евра оштета од 4 цата тужени, лидерот на партијата Мицкоски, овластениот претставник на изборната колација Игор Јанушев партијата ВМРО ДПМНЕ и коалцијата Обнова на Македонија но и замрзнување на сметката на коалцијата за оваа сума. Обвинителката 23 години работи професионално рече нејзиниот адвокат Панче Ефтимов според кого неаргументирано и неосновано била обвинета за лошо постапување.

„И да сакаат не можат да ме сменат“

Обвинителката Вилма Русковска пред една година, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека тој во неа нема доверба во врска со предметот на Драги Рашковски, таа го опоменува дека политичарите не треба да коментираат постапки кои се водат во Обвинителство или суд.

– Нашиве политичари никако да го разберат тоа, вели Русковска, во интервју за Призма.

Во однос на можна нејзина смена, вели дека не ја засегаат таквите пишувања, кои се појавија во јавноста по смената на Лазе Велковски како прв човек на одделот во МВР за организиран криминал.

Таа ги демантира шпекулациите дека се подготвува нејзина смена и е децидна дека во моментот не постои таква можност.

– Според новиот Закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност – вели Русковска за Призма.

Во тогашното интервју обивнителката говорејќи за соработката со Финансиската полиција, рече дека не е премногу задоволна и ја оценува како недоволно ефикасна и ефективна.

Избори за нов шеф на ЈО ГОКК

Трка за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Над 160 обвинители бираа еден од четворицата кандидати- Русковска, Пауновска, Незири и Абази. Прв ваков избор по измените на Законот на јавни обвинители.

За обвинителот Ислам Абази, кој  беше избран за нов шеф на Јавното обвинителство за гонење дела од организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), нема никакви податоци на сајтот на Вишото јавно обвинителство Гостивар коешто го водеше до тогаш – стои само дека е раководител на Обвинителството и нема други детали.

Со пензијата и суспензија

Сега веќе поранешната јавна обвинителка и ексшефица на Обвнителството за гонење организиран и корупција (ОЈО ГООК), Вилма Русковска, за „360 степени“ вели дека денешната одлука на Советот на јавни обвинители за нејзино разрешување била очекувана.

„Очекував ваква разрешница уште кога Дисциплинската комисија не го прифати како сведок професорот (Гордан) Калајџиев и очекував ваква одлука од Советот на јавните обвинители“, вели таа.

На прашањето дали во целиот случај што се покрена против неа и уште две нејзини колешки, а го иницира државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, има „замешано прсти политиката“, Русковска кусо ни одговори:

„Дали е политичка одлука треба да кажат политичарите“, доде Русковска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни