Македонија

Груевски приведен, па пуштен на слобода – Унгарија нема да го екстрадира, бидејќи има статус на бегалец

Со очила за сонце, капа и со палто покриени рацете на кои имаше лисици, екс премиерот Никола Груевски беше спроведен во судот во Будимпешта, во придружба на полициски службеници во цивилна облека.

Груевски не одговори на прашањата на новинарите, иако интересот беше голем. Влесе во судницата, а очилата за сонце и капата не ги тргна ниту кога судијката го образложуваше предметот, односно причината поради која е спроведен во судот.

Судот му обезбеди и преведувач, а на негово барање рочиштето беше затворено за јавноста, односно новинарите немаа можност да присуствуваат.

Според она што го објавија унгарските медиуми, рочиштето започнало во 10 часот, а половина час подоцна Груевски ја напуштил судската сала, бидејќи судот нареди негово ослободување. Судијката Ева Варажиј образложи дека Груевски е спроведен како резултат на барањето на македонските власти за негова екстрадиција. Сепак, како што изјави таа, а пренесуваат унгарските медиуми, тамошните власти не можат да ги докажат тврдењата на македонските судски органи за веродостојноста на пресудите и обвиненијата.

Груевски ќе биде пуштен на слобода, бидејќи, како што рекла судијката, условите за екстрадиција не се исполнети, а тој во Унгарија има статус на бегалец.

Канцеларијата за имиграција и азил на Унгарија решението за азил на Груевски го издало на 20 ноември 2018 година, а потоа продолжено на 5 април 2019 година. Токму поради овој административен момент, судот не е во можност да реагира, изјавила судијката, а пренесуваат тамошните медиуми.

Судијката воедно изјавила дека Канцеларијата за имиграција може повторно да ја разгледа апликацијата на Груевски за азил, но сепак конечната одлука ќе ја има нивното Министерство за правда.

Ниту кога влегуваше во судницата, ниту кога заминуваше, Груевски не сакаше да одговори на новинарските прашања. Пред судот го чекаше црн автомобил, со кој замина во непознат правец.

Пред само неколку дена во посета на Скопје беше министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто. Тој призна дека имал неколку средби со Груевски на тајни локации во Будимпешта, но сепак не сакаше да открива за што зборуваат. Само рече дека, со оглед на тоа дека 10 години бил премиер, има добро познавање на состојбите на Западен Балкан.

-Ако некој што бил премиер во овој регион десет години, претпоставувам дека има многу добри сознанија и разбирања за регионот. Јас не сум овластен да објавам никакви делови од нашите дискусии. Можам да кажам дека вашиот поранешен премиер исто така многу се залага за вашето пристапување кон ЕУ-рече Сијарто.

Македонските власти бараат екстрадиција за Груевски за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, но и за истрагата за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 201

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни