Македонија

Министерство за здравство: Оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот

Од министерството за здравство вечерва се обидоа да дообјаснат, откако најавија дека во јавна установа во Скопје ќе се вршат оперативни зафати за промена на полот, и тоа на товар на Фондот за здравство.

Од таму демантираат дека операции од ваков тим ќе се вршат во јавни установи, како и дека ќе бидат покриени од Фондот.

„Спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број на уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои до сега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување.

Со овој ангажман на врвен експерт ќе успееме да заштедиме средства што досега беа одвојувани од Фондот за операциите во странство.

Политика на Министерството за здравство е што повеќе услуги да бидат достапни за граѓаните во Северна Македонија и да се намали потребата од патување во странство и секако да се спроведат повисоки стандарди во медицинските установи во државата, преку ангажирање на експерти кои ќе го пренесат своето знаење на македонските доктори.

Ја информираме јавноста дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа“, велат од министерството за здравство.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни