Денеска повторно може да се забележат пораки од наводно Пошта на Северна Македонија со кој корисникот го информираат дека неговата пратка е заглавена, а во продолжение е наведен линк на кој најверојатно се бара корисникот да внесе лични и финансиски податоци.
За разлика од претходниот пат, сега пораката содржеше повеќе информации, сега се наведува Пошта на Северна Македонија како испраќач, но сепак повторно има одредени граматички и правописни грешки какви што можат да се забалежат на вакви пораки.

Бројот од каде се испраќа оваа порака е +60 што е појдовен префикс за азиската држава Малезија.
Во последните неколку месеци се случија десеттина вакви напади, по што измамени и финансиски оштетени беа стотици граѓани во Македонија.