Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28 ноември) околу 20 часот и 10 минути ја лишиле од слобода 46-годишната А.А. од тетовска Брвеница, која претходно била пријавена од 47-годишниот И.Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде била вработена, неовластено ја снимила неговата мајка која била хоспитализирана на едно од одделенијата.
Снименото, потоа го објавила на социјални мрежи.
Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.