Македонија

Амбасадата на Русија во Скопје: На местото од Лавров порака: „Резервирано за НАТО“

Амбасадата на Русија во Скопје: На местото од Лавров порака: „Резервирано за НАТО“

Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова преку амбасадата на Русија во Скопје рече дека денеска се случила провокација за време на средбата на ОБСЕ.

Според објавата на X, таа вели дека на местото кое било за Русија, осамнал лист на кој пишувало „резервирано за НАТО“.

„На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор: под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО“,  напиша како реакција Захарова.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни