Социјалните мрежи вријат по информациите за две убиства во Македонија.
Корисниците се револтирани затоа што иако цела држава е потресена од информациите кои попладнево стигнаа за пронајдените безживотни тела на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, и на П.Ж.(74) кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, на телевизија воопшто нема информации, но затоа има турски и играни серии, забавни емисии…
На ниту една национална телевизија нема воредни вести за настанот.На пола вртат турски серии на другата половина српски пејачки емисии.Жално за новинарството у Мк
— Сејмен (@Mitev881) December 3, 2023
Директорката на Телма телевизија, Снежана Лупевска изрази сочувство преку својот Фејсбук профил и обвини дека медиумите вечерва пишуваат се што ќе дознаат точно и неточно бидејќи на Основното јавно обвинителство Скопје и на Министерството за внатрешни работи им е неработен ден денеска.
„Сочуство до семејствот на Вања и Панче. Свирепо убиени. За жал медиумите вечерва пишуваат се што ќе дознаат точно и неточно затоа што за ОЈО Скопје и МВР Недела е неработен ден за да одржат прес конференција. Закажана е за утре“, вели Лупевска.