Претставникот на „И здравје и работа“, локална иницијатива на населението во Струмичката котлина, Огњан Лазаров, денеска оствари средба со Министерката за животна средина Г-ѓа Каја Шукова.
„И здравје и работа“ претходно побара средби и со Претседателот на Републиката и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Северна Македонија.
Лазаров на средбата ја информираше Шукова дека „И здравје и работа“ преставува еден поинаков глас на жителите од Струмичкиот регион кој долгорочниот економски развој го гледаат како единствена шанса да ги вратиме младите од туѓина преку отворање на нови атрактивни работни места. Потенцираше дека оваа локална иницијатива не е за отворање на рудник по секоја цена, но истовремено истакна дека низ аргументирана дебата треба сите да увидиме колку инвеститорите се подготвени да го изградат рударски комплекс Иловица со најмодерна технологија на 21 век, со која здравјето, животната средина и земјоделството ќе бидат целосно заштитени. Треба со особено внимание да се слушаат сите информации, бидејќи постои стратегија за смислено ширење паника и страв за да се спречи фокус кон суштината на проектот.
Министерката Шукова со внимание ги ислуша сите аргументи на претставникот на „И здравје и работа“ и посочи дека постои законска регулатива и административни процедури кои Владата мора да ги следи за сите инвестиции од нивна надлежност. Гласот на жителите е важен и истиот не смее да се занемарува.
„И здравје и работа“ продолжува да се бори за вистината. Македонија треба мудро да ги искористи своите природни богатства за да си обезбеди сигурна иднина. Се поголем број на жители од Струмичката котлина стануваа свесни за значењето на новите инвестиции за регионот, и се повеќе се убедени дека формирањето „Независно мониторинг тело“ со вклучување рударски и еколошки експерти, жители и претставници на државните институции и локалните самоуправи, може да обезбеди целосна контрола на секој чекор од експлоатирањето на бакарот во рудникот.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Соседите спасија четири деца од запалена куќа: Пожарникарите им честитаа!
- 4.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
- 5.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година