Свет

Драма во Германија: Новороденче пронајдено во училишен двор, лекарите се борат за животот на бебето, полицијата трага по сторителот

Драма во Германија: Новороденче пронајдено во училишен двор, лекарите се борат за животот на бебето, полицијата трага по сторителот

Новороденче е пронајдено во дворот на основно училиште во градот Бракведе во североисточна Германија. До неа имала папочна врвца завиткана во крпа, а ја пронашол случаен минувач додека одел.

Новороденчето било реанимирано на лице место и пренесено во болница каде лекарите се уште се борат за неговиот живот, извести полицијата, пренесува Дневник.хр.

„Во моментов не сакаме да даваме повеќе детали“, изјави јавниот обвинител Кристоф Макел.

Германската полиција интензивно трага по сторителот. На местото на настанот дале индиции кои би можеле да откријат каде е мајката на детето. Се верува дека ја сокрила бременоста и се породила во тајност, по што го оставила детето во училишниот двор, објави порталот Феникс.

Во близина на основното училиште пред неколку недели се случи уште една трагедија. Германската полиција извести дека младите родители со нож го избоделе своето новороденче и телото го закопале во шума. И двајцата се во притвор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни