Жителите на Скопје утрово нема како да пристигнат до нивните работни места, оти јавниот и приватен превоз е во штрајк.
Граѓани со часови чекаат автобуси на можеби најстудениот ден зимава. Утрово во Скопје беше -9 степени.
“Ми се јавија од работа, зошто сум отсутна. Им кажав дека немам превоз, но тоа не е прифатливо оправдување, стравувам за моето работно место”, ни рече утрово една граѓанка.
На штрајкот од ЈСП се приклучија и приватните превозници.