4NEWS.mk

Малолетен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кравари

Вчера во 16.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во с.Кравари, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи гец“ со грчки национални ознаки, управувано од T.E.(59) од Република Грција и мопед „Јујунг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Кравари.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни