Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека законот има за цел да обезбеди меѓународен мир, безбедност, демократија и владеење на правото.
„Ние додаваме уште во целите на законот, дека се однесува и на борбата против корупцијата и злоупотребата на службената должност, хибридните закани. Во сегашното законско решение како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на нашата држава се три основи: Задолжителни резолуции во Советот за безбедност на ОН, правни акти на ЕУ и билатерални акти на други држави но само за тероризам и полиферација. Ние додаваме дека за овие цели, како основа за донесување на рестриктивни мерки ги донесуваме и правните акти на САД и правните акти на Обединетото кралство“, порача Бујар Османи.
Со ова понатаму се разглобува која е процедурата за донесување на правите акти и видовите.
„Во актуелното решение како видови на рестриктивни мерки се ембарго за оружје, забрана за влез, финансиски мерки. Сега додаваме покренување на кривична постапка и преземање на мерки за обезбедување. Кога ќе има ваков правен акт, МНР, МВР и ЈО и.т.н. предлагаат до Владата да донесе одлука и за наши рестриктивни мерки. Ако е за корупција, злоупотреба на службена должност Владата е должна, односно органот што предлага да ги однесе сите факти што ги има собрано од изворот на рестрикцијата до ЈО. ЈО е должно да отвори кривична постапка и ако покрене обвинение, и судот го прифати тоа обвинение, тогаш Судот може да донесе привремени мерки за обезбедување – и тоа забрана за вршење јавна функција, вклучувајќи и кандидирање на избори и конфискација на имот и други финансиски мерки“, додаде Османи.
Во продолжение целата изјава: