Бизнисменот Илон Маск најави дека ќе престане да го користи својот телефонски број во следните неколку месеци, а според „Индепендент“ тоа е обид на милијардерот да промовира нови опции на X платформата.
Се чини дека оваа опција ќе им биде достапна само на оние кои плаќаат за премиум верзијата на оваа социјална мрежа, а нејзините корисници ќе можат да остваруваат аудио и видео повици.
– За неколку месеци ќе го откажам телефонскиот број и ќе го користам X само за текстуални и аудио и видео повици – најави Маск.
In a few months, I will discontinue my phone number and only use X for texts and audio/video calls
— Elon Musk (@elonmusk) February 9, 2024
Придобивките од новата платформа
Платформата X (Twitter) официјално започна со воведување аудио и видео повици минатата година, а само оние кои се претплатени можат да се јавуваат. Повиците не се шифрирани, за разлика од оние на мрежи со слични услуги, како што се „WhatsApp“ или „Apple FaceTime“.
Платформата X нуди функција наречена „подобрена приватност на повиците“, за која велат дека помага да се заштити приватноста.
Тоа значи дека само IP адресите на повикувачите се скриени едни од други и дека споменатата опција мора секогаш да биде вклучена. Не е познато колку се популарни аудио и видео повиците на мрежата Х, но откако овие повици беа овозможени минатата година, Маск постојано се обидуваше да ги промовира, пренесува „Индепендент“.
Тој рече дека можноста за овие повици е дел од неговиот план социјалната мрежа да ја претвори во „апликација за сите“, пишува британскиот весник.