Македонија

Од полноќ за еден денар се зголемува цената на нафтата

Од полноќ за еден денар се зголемува цената на нафтата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 16.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,240%, кај дизелот за 2,387%, кај екстра лесното масло за 1,946%  и кај мазутот зголемувањето е за 3,469%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,028%

Од 20.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95     83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98     83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     80,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     77,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС         41,881 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,149 ден/кг и сега ќе изнесува 41,881 ден/кг. 

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

    19.2.2024

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни