Македонија

АВМУ: Политичарите треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите

АВМУ: Политичарите треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека “дека самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија.

Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите. Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници.

Агенцијата потсетува дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни