Свет

Куба се подготвува за воен напад од САД

Куба се подготвува за воен напад од САД

Куба се подготвува за евентуален напад од Соединетите Американски Држави, изјави претседателот Мигел Дијас-Канел пред војници во Бојерос, по повод Националниот ден на одбраната, пренесе ДПА.

„Решени сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, порача Дијас-Канел.

Кубанскиот претседател ги критикуваше американските политичари кои зборуваат за воени дејства против островот, без притоа да го спомене Доналд Трамп по име. Тој нагласи дека Куба е мирољубива земја и не претставува закана за безбедноста на САД.

Неговата изјава следува по интервјуто на Трамп со радиоводителот Хју Хјуит, кој го прашал дали би разгледал воена интервенција за „ослободување“ на Куба.

„Сакам да завршам со Куба пред да заминам“, одговорил Трамп, нарекувајќи ја земјата „пропадната“. Неговиот претседателски мандат истекува во јануари 2029 година.

Според БТА, Трамп во октомври, пред американските меѓуизбори, ја споменал можноста американски воени бродови што се враќаат од војната со Иран да бидат испратени крај кубанскиот брег и да останат таму. Тој оценил дека таквиот притисок би можел да ги натера властите во Хавана да капитулираат.

Куба редовно спроведува воени вежби по американската операција во Венецуела во јануари, во која, според извештајот, претседателот Николас Мадуро бил приведен и однесен во САД. Во рамките на одбранбената стратегија „Војна на целиот народ“, кубанската војска обучува и цивили.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни