Македонија

Димитриевски: Мојот план и намера е да ја победам Давкова во вториот круг од претседателските избори.

Димитриевски: Мојот план и намера е да ја победам Давкова во вториот круг од претседателските избори.

Круцијален проблем во моментот е недостаток на енергија и верба. Мислам дека ова е последна шанса во која што може дда се разбие оваа лоша слика во државата. Знаете џабе ви е општина, а уште повеќе партија, доколку немате држава, а ние од ден на ден ја губиме дравата, – изјави, Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и кандидат за претседател на Македонија, Максим Димитриевски во гостувањето на Тема на денот на телевизијата Сител.

Ова се суштински моменти, додаде тој, кога не само јас, туку и останатите кандидати треба да се одважат и да го предизвикаат граѓанинот да излезе и да им ја даде поддршката, и продолжи – „Првично со прибирање на потписи, а потоа и на избори за да го разбиеме овој црно-сив свет, бидејќи сите овие непристојни предлози кои доаѓаат во континуитет, во насока на федерализирање на државата и намалување на капацитетноста на институциите на системот, а дополнително и нивна целосна партизација, можеби и ќе се постигнат, бидејќи праксата покажува дека претходно тие беа постигнати врз база на политички договори помеѓу елитата или таканаречените лидерски средби, се собираат двајца-тројца, се договараат, а Македонецот и Македонија во континуитет губи, потенцира Димитиревски.

Запрашан за кого ќе побара неговите поддржувачи да го дадатгласот, доколку не влезе во вториот круг, Димитриевски рече:
„Видете јас немам ниту етичко,ниту морално право да повикувам мои поддржувачи и симпатизери да гласаат за некој друг. Ние не тргуваме со гласовите на граѓаните. Тоа е една лоша пракса. Значи согласно сопственото убедување граѓаните треба да си го кажат последниот збор. Но, мојот план и намера е да ја победам госпоѓа Давкова во вториот изборен круг на претстојните претседателски избори и верувам со поддршка на граѓаните тоа и ќего сторам“.

На прашањето кои се црвените линииза кои се залага Димитриевски одговори:
– Не може Македонецот да се чувствува како граѓанин од втор ред во држава којашто неговите претци ја имаат изградено. Значи, идентитет, јазик самобитност, македонизмот и сите тие форми коишто се преточени во Уставот врз база на заклучоците на АСНОМ и Крушевската република.Да сме биле на желбите на останатите во регионот,ние никогаш не би имале држава. Денеска граѓанинот е фрустриран, додае тој. Првенствено сите имаат национални линии. Треба да го учиме тоа од нашите сограѓани Албанци и да ги дефинираме нашите црвени национални линии врз база на еден договор помеѓу сите политички субјекти на политичката сцена кои го претставуваат мнозинското македонско население.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни