Македонија

Последни 24 часа: Кандидатот Томе Николовски сè уште единствен со нула потписи

Последни 24 часа: Кандидатот Томе Николовски сè уште единствен со нула потписи

Државната изботна комисија тукушто информираше за состојба на број на собрани потписи за кандидати за Претседател на државата, заклучно со 06 март 2024 година, 20 ч.

Во продолжение листата на кандидати и собрани потписи:

КАНДИДАТ ВКУПНО
1 Вело Марковски 1596
2 Билјана Ванковска Цветковска 10528
3 Томе Николоски 0
4 Бујар Османи 11085
5 Господин Попоски 141
6 Максим Димитриевски 11605
7 Стевчо Јакимовски 11278
8 Ѓорѓи Манасков 483
9 Арбен Таравари 10710
10 Мерсиха Смаиловиќ 2100
11 Зорица Цветковска 269
12 Стево Пендаровски 22411
13 Гордана Силјановска Давкова 28086
14 Гоце Ристов 4
15 Драган Николовски 2

Државната изборна комисија ќе ја олесни постапката во формално-правниот дел за условите што треба да ги исполнуваат кандидатите кои ќе поднесат листи за избор на претседател на државата.

На денешната седница на Комисијата беше усвоена одлуката за дополнување на Упатството за поднесување, прием и потврдување на листите, со што по службена должност ќе се приберат податоци дали кандидатот го исполнува условот за жителство.

-Во условите предвидени во Уставот и Изборниот закон стои дека кандидатот за претседател треба да е државјанин и жител на Република Северна Македонија најмалку 10 години во последните 15 години.Досе га потврдите и документацијата за докажувањето на овие услови кандидатите сами ги обезбедуваа од надлежните институции.

Сега ние, по службена должност, земаме обврска доказите за исполнувањето на овие два услова, преку податоците во соодветните регистри на надлежните институции, да ги прибавиме во рок од 24 часа после поднесувањето на листите, во име на кандидатите кои ќе конкурираат.

За да им се олесни комуникацијата на кандидатите со изборните органи и нивното претставување пред другите надлежни институции, ќе додадеме дека ќе можат, со генерално полномошно, да овластат едно лице.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни