Можете ли да го замислите шокот на полицијата која интервенираше по пријавеното опасно возење во центарот на градот Бондено!
Она што требаше да биде рутинска акција се претвори во неверојатна приказна, во чиј центар е г-ѓа Џозе (103).
Така, граѓаните пријавиле опасно возење, а италијанските полицајци го запреле возилото, околу 1 часот по полноќ.
Зад воланот нашле старица која немала дозвола (истечена во 2022 година), а четворката не била регистрирана или осигурана, пренесува La Nuova Ferrara.
Во текот на разговорот дознале дека таа е на пат кон пријателка, каде што ја очекувале на вечера, а можеби и на игра со карти.
Иако шокирана од фактот дека е родена во 1920 година, полицијата ја казнила старицата, согласно важечките закони.
Автомобилот бил одземен, а подоцна од страна на влечна служба бил пренесен на бараното место.
Старицата била вратена дома во придружба на обезбедување.