Непознати лица отвориле оган во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск, во близина на Москва, јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на итната помош.
„Непознати лица отвориле огаn. Во тек е евакуација на луѓето“, изјавил соговорникот на агенцијата од надлежните служби за ТАСС.
Агенцијата РИА Новости јавува дека најмалку три лица во маскирни униформи ги нападнале посетителите во салата, а има и ранети. Полицијата пристигнала на местото на настанот.
Од зградата во која се пукало извира оган и чад. Снимките на руските социјални мрежи покажаа хаотични снимки од голем број луѓе кои се обидуваат да ја напуштат салата додека одекнуваат истрели.
Се утврдуваат информации за околностите на инцидентот.