Свет

Сите напаѓачи се пронајдени, вели Путин – утре ден на жалост

Сите напаѓачи се пронајдени, вели Путин – утре ден на жалост

Рускиот претседател Владимир Путин сега и се обраќа на нацијата додека седи на маса покрај две руски знамиња.

Тој вели дека сите напаѓачи се пронајдени и сега се приведени.

Според него, напаѓачите се обиделе да побегнат кон Украина, а како одговор на тоа е засилено обезбедувањето.

Прогласи ден на жалост за 24 март.

Сите одговорни ќе бидат казнети, додава претседателот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни