Балкан

Седум мигранти загинаа во Албанија бегајќи од полицијата

Седум мигранти загинаа во Албанија бегајќи од полицијата

Осум лица, од кои седум мигранти, загинаа во сообраќајна несреќа во вторник во вторник во зори во Албанија при обид да и побегнат на полицијата, се вели во соопштението на полицијата.

Возачот на возилото, Албанец, изгубил контрола кај Пермет, на неколку километри од границата со Грција, а автомобилот паднал во реката Вјоса, соопшти полицијата.

Според првите извештаи од истрагата, албанската полициска патрола сакала да го контролира возилото, но возачот забрзал и побегнал.

Мигрантите со потекло од Блискиот Исток ја преминале границата меѓу Грција и Албанија, веројатно за да отпатуваат во Црна Гора, а потоа во други европски земји.

Албанија се наоѓа на т.н балканската рута. Речиси 100.000 луѓе ја користеле оваа рута помеѓу јануари и октомври 2023 година, според европската гранична агенција Фронтекс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни