Македонија

Армијата на Македонија бара нови пилоти, конкурсот е отворен до 1. август

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска го посети Центарот за обука на пилоти во касарната Страшо Пинџур во Петровец. Министерката за одбрана упати апел до сите студенти кои ги исполнуваат условите за пилоти да аплицираат и да бидат дел од авијацијата на Северна Македонија.

Ангел Владимиров кој е пилот во македонската армија, вели дека оваа професија не може да се опише туку само може да се доживее.

Конкурсот за запишување слушатели за професионална обука за потребите на авијацијата на Армијата е во тек и трае до 1 август. На него можат да аплицираат државјани на РСМ, не постари од 28 години, за прв циклус завршени студии односно најмалку 180 добиени кредити. Кандидатите во процесот на запишување и селекција ќе подлежат на преглед за психофизичка способност, познавање на англискиот јазик, контрола – селекција на земја, контрола – селекција во воздух..

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни